Мегафон ЈК ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ"

Јелена Карлеуша предизвика музички земјотрес: „Мала од скандала“ со своето аудио-визуелно, мултимедијално шоу полно со еротски набој го растресе Скопје

Јелена Карлеуша предизвика музички земјотрес: „Мала од скандала“ со своето аудио-визуелно, мултимедијално шоу полно со еротски набој го растресе Скопје

Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт во Скопје. Дури и не може да се нарече концерт туку вистинско  аудио-визуелно, мултимедијално шоу. „Мала од скандала“ им одржа вистинска лекција на сите т.н ѕвезди како се настапува со сите нишани, кореографија, драматургија, ЛЕД позадина, видеоанимации, светлосни, ласерски и сценски ефекти, промена на неколку варијации на костими.

На бината без музичари, само Јелена и танчерите ја држеа публиката во „Јане Сандански“ два часа на нозе кокетирајќи со неа преку своите хитови, танчарската умешност и дигиталната визуелна уметност… И сето тоа совршено зачинето со еротски набој „до балчак“.

„Мала од скандала“ беше во врвна кондиција и на 46 години покажа зошто текстовите за неа, не само за скандалите, се меѓу најчитаните во медиумите.

Кулминација на шоуто беше кога популарната ЈК  со македонското знаме в раце ја запеја антологиската „Бисер Балкански“.

Генерално, можеби не присуствуваме на еден класичен поп рок концерт, ама затоа бевме сведоци на врвно мултимедијално шоу од светски размери.

Нешто што во тој домен Карлеуша како задача им го постави на сите останати – и оние претходните и оние што допрва ќе настапуваат. Или како што некој рече, ниго донесе светот на уметничкиот гламур во Скопје.

 

 

 

To top