Радио Милева возбудата допрва доаѓа

„Речиси крај на почетокот“: Сопругата на Мартин од „Некст тајм“ позираше со гол стомак на миг пред породување (фото)

„Речиси крај на почетокот“: Сопругата на Мартин од „Некст тајм“ позираше со гол стомак на миг пред породување (фото)

Гитаристот на братското дуо „Некст тајм“, Мартин Филиповски и неговата сопруга, ракометарката Андреа Белеска ги живеат деновите кога се возбудени и во исчекување како никогаш досега.

Имено, Андрeа и Мартин наскоро ќе станат родители за првпат, идната мама веќе влезе во деветиот месец од бременоста, а тоа го откри на својот Инстаграм профил.

-Речиси крај на почетокот, ги опиша Андреа најновите фотографии каде во прв план е голиот труднички стомак од фото делата најверојатно направени од сопругот кој и тоа како го бидува за фотографирање.

Моменти кои ќе останат да сведочат засекогаш за еден од најубавите периоди во животот на една жена, а допрва и за магијата што доаѓа и за мама и за тато.

Мартин и Андреа се’ уште не го откриле полот на бебето, но не остана уште многу време до честитките кога ќе ја земат во раце наследничката или наследникот.

Со лесно!

фото: Instagram printscreen/

To top