Радио Милева од пеколен период до меден месец

Актерката на меден месец ја покажа тангата: Ивана Панзаловиќ откако мина низ пекол, се омажи и среќно ужива на егзотична локација (ВИДЕО)

Актерката на меден месец ја покажа тангата: Ивана Панзаловиќ откако мина низ пекол, се омажи и среќно ужива на егзотична локација (ВИДЕО)

Актерката Ивана Панзаловиќ (37) која се прослави со улогата на наставничката во хумористичната ТВ серија „Курсаџии“, за потоа да доживаа тешка трагедија од која само среќата ја спаси да остане жива, неодамна ги воодушеви сите кога откри дека се омажила.

Сега Ивана повторно ги „разбранува страстите“ на социјалните мрежи со предизвикувачки кадри од плажа.

Откако се омажи, Ивана Панзаловиќ ги спакува куферите и замина во потоплите краишта, не сбоевиден меден месец на егзотична дестинација од каде се огласи на Инстаграм!

Таа објави видео во минијатурно кафено бикини во кое се шета по плажата, а кога го сврте грбот кон камерата имаше што да покаже.

Ивана носеше само танга гаќички, а никој не можеше да го тргне погледот од нејзината убаво заоблена задница, што ја краси оваа русокоса убавица.

Инаку Ивана Панзаловиќ се повлече од јавноста откако бившиот вереник доктор Срѓан Цветковиќ, естетски хирург од ВМА и пукаше во глава, а потоа си го одзеде и самиот животот, но таа за среќа преживеа. Долго потоа  се врати во нормалниот живот, за кој своевремено кажа дека и требало многу труд и работа на себе.

„Размислував колку долго ќе ме следи прашањето за немилиот настан, а потоа природно излезе дека тоа не е нешто што можам да го негирам, бидејќи,  тоа се случи. Она што можам да го направам е да не се навраќам на тие мисли. И јас успевам во тоа, на почетокот ми беше многу тешко и ми требаше време“, изјави своевремено актерката за „Блиц“ и додаде: „Секако, имав и помош од стручни лица, во форма на психотерапија и тоа не треба да биде табу тема“.

Фото: Вистина -архива/ Инстаграм /panzalovicivana

To top