Радио Милева „баш ја погоди“

Виторија Лоба ококорена од своето банковно салдо: „Така е кога мислиш дека си принцеза“ (фото)

Виторија Лоба ококорена од своето банковно салдо: „Така е кога мислиш дека си принцеза“ (фото)

Добро позната е онаа дека жените не ретко знаат да се „заборават“ во шопингот, особено кога е период во месецот кога има исплата на плата и останати примања…

Е тогаш доаѓа време како да е празник, па со полет се оди во трговски центри, козметички и фризерски салони, ма се што би ти паднало на памет… секако без да се прават калкулации и со помислата дека салдото на банковната сметка си стои недопрено, зашто нели приливот на парички само што пристигнал.

Но кога така среќни и задоволни ќе седнаме дома, ќе си свариме кафенце и со блажена насмевка ги разгледуваме и отпакуваме нештата со кои сме се подновиле и сме го истерале ќефот, доаѓа моментот на вистината!

Време да се отвори сметката и да се провери до каде сме, а кога ќе се види до каде стигнала сумата што останала или дошла до нула, тогаш ококорени и соочени со реалност го враќаме „мајд сетот“ назад.

Пејачката Викторија Лоба ја најде вистинската фотографија за ова, сцена од филм со Ен Хатвеј која изгледа токму вака:

-Јас кога ја гледам банковната сметка откако си го велев она „што и да посакаш принцезо“- стои во описот во кое Лоба се пронајде и слатко се изнасмеа на она што баш ја погоди.

Веруваме дека во истото се пронајдоа многумина, па можеби не колку принцези, зашто во денешното скапо време и само со платени сметки,  реакцијата од рачунот на тековната состојба редовно е за ококорени очи.

фото: Instagram printscreen/ victorialoba/Freepik

To top