Радио Милева трансформација и компарација...

Манекенката снимаше фотосесија, па испадна дека е плукнат лик од цртан филм: Кој „и го смести“ на Бојана Нушкова да личи на Колета?

Манекенката снимаше фотосесија, па испадна дека е плукнат лик од цртан филм: Кој „и го смести“ на Бојана Нушкова да личи на Колета?

Македонската манекенка и топ модел Бојана Нушкова и годинава имаше прилично „хетерогена“ летната сезона.

Од Егејот до Јадранот, од лежалка на јахта, разновидно ги минуваше и одморот и викендите.

Првите денови од есента која и календарски пристигна долгоногата убавица ги мина во Шпанија, на техно журка во Мадрид, па откако се врати дома ја чекаше нов ангажман, нова фотосесија.

Дали рекламна или само онака, чисто за промена, за потребите на истата Бојана мораше да доживее мала физичка трансформација.

Метаморфоза на изгледот, па од русокоса со долга коса, периката помогна за миг да стане црнка со француска кратка фризура и шишки.

Кога на тоа ќе се надодаде необичниот стајлинг од плетен црвен секси шорц и туника од црна провидна плетка, Бојана изгледа петка.

И додека многумина би рекле дека наликува на атрактивните долгоноги убавици кои танцуваат во познатиот париски „Мулен Руж“, се најде исклучок, кој манекенката ја спореди со еден од новите ликови од цртаните филмови.

Оние кои го гледале цртаниот на Дизни од 2007-ма година насловен „Ratatouille“, знаат за што се работи.

Приказната за симпатичниот стаорец кој знае да готви и прави необичен сојуз со младиот готвач во кујната на познат париски ресторан, покрај другите  содржи уште еден главен, женски лик.

Младата готвачка Колет(а), чиј лик од оваа цртана приказна изгледа плукнат како трансформацијата на нашата манекенка.

Македонската убавица и самата ја сподели споредбата на своите Инстаграм приказни…

…Па во компарацијата на двата лика напиша: „Иста? Е, дааа, бе…!“

Можеби на прва, споредбата и не и се допадна, па колку и да изгледа дека некој „и го смести“ на Бојана Нушкова да личи на Колета, убедени сме дека подоцна компарацијата и стана симпатична и престана да и смета!

Фото: Јутјуб принтскрин/Ratatouille-trailer  и Инстаграм/boyananushkova

 

To top