Една од главните теми во еден период во медиумите беше љубовта меѓу пејачот Жељко Јоксимовиќ и поранешната водителка Адријана Чортан.
Меѓутоа, кога пукна тиквата, водителката го најде срцето кај бизнисменот Немања Симиќ, а денес живее во луксузот за кој многумина сонуваат.
Андријана често на социјалните мрежи објавува детали од приватниот живот, а нејзините фотографии се преплавени со комплименти кои секојдневно ги добива на сметка на нејзиниот физички изглед.
View this post on Instagram
Неодамна со сопругот уживаше на луксузна јахта, а фотографиите од пловилото ги запалија социјалните мрежи, додека многумина коментираа дека Адријана воопшто не се променила низ годините.
Адријана во 2018 година се омажи за згодниот бизнисмен Немања Симиќ, а за нивната венчавка во црквата Свети Марко во Белград и раскошната венчавка се зборуваше долго време.
Немања ја запросил Адријана во март истата година, на концертот на Џибони на Копаоник, пишува Блиц.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram