Македонија конечно стигна до победа во важен натпревар од Лигата на нации. на Арената Тодоро проески јасовладавме Ерменија, со аместралниот гол од слободен удар на капитенот Енис Барди, а победата ја потврди нашиот шпицен напаѓач Бојан Миовски кој почна да дава важни голови и за Македонија.
По натпреварот во изјава за еден од водечките македонски портали, Курир.мк, Миовски го искажа не само своето фудбалско задоволство, туку обзнани дека е среќен заради двојната радост! Професионална и приватна.
Секако, заради голот и победата, но и за прв пат јавно обзнани дека изминатиов викенд се оженил.
Иако Миовски не сака многу јавно да зборува за приватниот живот, па моментот дека запливал во брачните води го криеше од пошироката јавност и медиумите, Вистина.ком.мк дознава дека тој и неговата избраничка Сара, ја озваничиле и овековечиле нивната врска со брак.
Многу детали за овој свечен чин нема, како ни фотографии, освен неколку кои самиот напаѓач ги споделил од романтичниот чин на запросувањето кој се случил кон крајот на јуни и тоа одново како двоен повод: И моментот кога Бојан со веренички прстен ја побарал раката на неговата сакана Сара, а истиот е токму на неговиот роденден. Така, „денот што го чекаме цела година“ се претворил во „денот што го посакуваме цел живот“!
„Две срца, едно – ДА“. Подготвен(и) за нашата заедничка авантура, засекогаш… Ова е најдобриот роденден во мојот живот“ – споделил македонскиот голгетер.
Честитките пристигнуваат од сите страни, а сега веројатно ќе бидат многукратно мултиплицирани откако јавно се дознава дека Миовски и Сара и официјално „стапнале на лудиот камен“!
Фудбалерот сега го чекаат нови обврски во две нови средини: Оние фудбалските, во престижната шпанска „Ла лига“, во дресот на неговиот нов клуб „Џирона“ каде ќе треба да се наметне да игра и да дава што повеќе голови, а и онаа – брачната средина, каде „вистинскиот погодок“ во вистински момент ти носи „брачна благосостојба“… А и „мирно море“ во „брачните води“, во кои како и во фудбалот – или си сакана ѕвезда или си постојано „ во офсајд“! На “црвен картон“, не сакаме ни да помислиме!
Шегата настрана, Миовски и неговата убава, русокоса сопруга Сара претходно минале прекрасен, романтичен одмор, на кој меѓу останатото уживале еден во друг, како и во прекрасните моменти, меѓу кои биле и оние минати на грандиозниот концерт на светски мегапопуларниот бенд „Колдплеј“!
Епа, гол-мајсторе, нека ти е со среќа новата средина… И во кариерата и во брачниот живот!
Фото: Инстаграм/miovskibojan/saramiovski
Видео: Курир.мк