Надлежните органи во Велика Британија, поточно полицијата, добиле наредба да ги разгледаат тврдењата дека вработени во приватната клиника, каде што е оперирана Кејт Мидлтон, се обиделе да дојдат до доверлива документација поврзана со нејзината процедура.
Информацијата ја потврди и локалниот министер за здравство, а барањето следеше по информација објавена во британските медиуми.
– Освен ако не се грижите за одреден пациент или ако тој ви дал согласност да ги видите информациите, не треба да имате пристап до неговото медицинско досие – изјави таа за радио LBC, истакнувајќи дека побарала од полицијата да го истражи случајот.
View this post on Instagram
Во соопштението на лондонската полиција се наведува дека „во моментов не е запознаена со такви податоци“.
Канцеларијата на комесарот за информации на ОК (ICO) ги истражува тврдењата и исто така го надгледува прегледот на регулативите за заштита на податоците и слободата на информации низ ОК.
– Можеме да потврдиме дека добивме извештај за прекршокот и ги оценуваме добиените информации – рече портпаролот, а потоа се огласи и клиниката.
– Цврсто веруваме дека сите наши пациенти, без разлика на нивниот статус, заслужуваат целосна приватност и доверливост во однос на нивните медицински податоци – велат од клиниката.
Портпаролот на палатата Кенсингтон одбил да ја потврди или негира информацијата, објаснувајќи дека се работи за клиниката во Лондон.
фото:Instagram printscreen/ _kate_middleton_royal