Радио Милева

Анџелина Џоли блесна во Венеција: Издание за кое денес зборува цел свет (видео)

Анџелина Џоли блесна во Венеција: Издание за кое денес зборува цел свет (видео)

На 81. издание на Венецискиот филмски фестивал се одржа премиерата на биографскиот филм „Марија“ во режија на чилеанскиот режисер Пабло Ларен.

Улогата на легендарната оперска пејачка Марија Калас режисерот и ја доверил на американската актерка Анџелина Џоли. Очекувано, токму Анџелина беше главната ѕвезда на премиерата, а сите кои имаа можност да присуствуваат на оваа прилика го одземаа здивот кога убавата дива се појави на црвениот тепих.


Таа блесна во креација на дизајнерката Тамара Ралф направена специјално за неа. Одлично и прилегаше обвиениот фустан од шифон во неутрална беж нијанса, а Анџелина го надгради со додаток кој веднаш го потсетува златното доба на Холивуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couture Vision (@couturevision)

Станува збор за крзно што порано беше незаменлив додаток на црвените килими и го носеа сите диви на стариот Холивуд како Елизабет Тејлор и други. Анџелина не се замара премногу со фризурата и ја пушти косата која неодамна ја осветли, а што се однесува до шминката, се одлучи за црвен кармин во светла нијанса.

фото: printscreen/Instagram

To top