Јована Стојменовииќ и Александар Блажевски, познатата новинарско-водителска ТВ двојка, на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, како што веќе објавивме во исто време беше на летување.
Само што понежната половина од двете познати ТВ лица се врати дома, а со тоа и веднаш на работа, а утринскиот муабетџија продолжува да летува.
Имено, Јована со „тешко срце“ се одвои од одморот и летните уживања… И се плачеше кога мораше да се раздели со хотелот и опуштените летни денови на море, па и самат сподели како и било на душичката кога морала да се спакува и враќа назад дома.
Но водителката е свесна и совесна жена, па добро знае дека „се’ што е убаво има крај“, само прашањето е зошто е тоа така секогаш кога ти е најубаво? Веројатно за да посакаш пак да се вратиш! А враќајќи се дома, атрактивната „ТВ мачка“ по одморот со полни батерии „здравје и убавина“, сфатила дека мора да се врати дома и да оди на работа, зашто не можа да биде вечно турист!
Само што првиот работен ден веднаш по одморот е „тежок ко’ планина“, некако е развлечен и споро минува. Сепак, Јована полна со насмевка и ТВ шарм е голем професионалец и добро знае како да ги изведе работите за гледачите да уживаат со неа и нејзината програма.
А да ужива во својот продолжен одмор знае, па и повеќе од тоа и нејзниот ТВ компањон Александар Блажевски, кој елегантно си се „прешалта“ од море на планина, на „тежок живот“ камперски!
Од Јадранот во Хрватска, во срцето на Словенија и нејзината зелена, шумска природа.
Откако успеа да се стационира и набрзина позиционира, водителот тргна да ја истражи планинската убавина, па се врати да собере сила за уживање во селската идила.
А популарниот Блажо уште еднаш покажа дека малку му треба за да ужива на секое место, во секоја пригода.
Кампераска масичка и две столчиња, маслинчиња, шопска, аспарагус, марула, рукола и разбира се…
Нејзиното величество – ракија! Чашка – две, никако повеќе! До душа, оваа може не баш најсоодветна, зашто не е од онаа нашата – ж’та, туку е сливова, ама тоа е. Што се нашло… А и што е важно од што е направена, важно е како „пулсира“!
За да не му се види ептен „тежок животот камперски“, по ден-два Блажевски тргна во нови предизвици, па од шаторот иако нов, му се чинеше дека е покоњуктурно да се прешалта во дрвен бунгалов.
Ем пред него има импровизирано дворче со убава дрвена маса и повеќе столици, ем има уште нешто што е во склоп на неговите нови предизвици… Овој пат – хедонистички!
А, може ли нешто повеќе да се бара ако во понудата е вклучена и вистинска скара?! Ражничи, колбавчиња, ќебапчиња и потпечено лепче на решетката… Нема ГМО, нема хемија, само чисто месо за… Лесковачка среде Словенија!
Ама затоа другиот ден – сите на планинарење… За да спаднат „камперскиот хедонизам“ и обилното јадење!
Фото: Инстаграм/jovana_na_na_na/blazhevskialeksandar