Промотер

Лазаров со своевидна ода на вистината пред која и боговите молчат – „Амин“

Лазаров со своевидна ода на вистината пред која и боговите молчат – „Амин“

Откако големата прашина која се крена по интервјуто на  Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ Латас  слегна, најпознатиот македонски јутјубер Лазаров повторно си ја продолжи својата Јутјуб подкаст приказна.

Сепак, по сите негови изјави, излагања, коментари… евидентно е дека случката  „во Фиќото“ и тоа како оставила траги, а можеби и доживотна лузна на младиот македонски јутјубер, водител и пејач, кој колку и да успеал да ја преброди тешко дека ќе ја заборави. Ако не друго, како поука за многу нешта. Од тоа дека треба да си внимателен кога како јавна личност си во етерот, дека кога си познат и популарен сите сакаат  да бидат близу до тебе, да ти бидат „ортаци и најверни другари“, а кога ќе ти се случи да „киксираш или паднеш“, тогаш никаде никого нема, како и тоа дека од искуството се учиме, иако оние примери кои се темелат на личното искуство, се најболни. Но ако успееш да ја пребродиш белјата и болката, „она што нема да те уништи, те прави само уште посилен“!

Токму своето искуство, сета своја душевна болка во голготата низ која мина, сета фрустрација, горчина и разочарување, Лазаров го преточил во инспирација за песна, чии стихови токму ја опишауваат неговата  ситуација во која неодамна се најде.

Затоа неговата „Амин“ е своевидна ода на вистината пред која и боговите молчат… Или ако повеќе сакате, негов реквием до оние што спроведоа „хајка на човек што живее борба, кој станал мета на сите страни, но нема да допрат до чистиот образ…“ – како што се вели во дел од самите стихови на песната!

Музички, битот „спакуван“ од Sero Produktion, музиката дело на Дени и Лазаров, додека миксот и мастерингот го изработил Дарко Јовановски. Тој и Лазаров го потпишуваат испотот кој апсолутно функционално ја визуелизира атмосферата во песната и соодветствува со нејзините стихови.

Конечно Лазаров со новата песна и музички им пркоси на создадените проблеми и непријатни ситуации…

… И уште повеќе на сите „душмани и сеирџии“ кои  штом малку се издигнеш над средината, едвај чекаат да те „закопаат“… „Амин“! (КЛИКНИ ТУКА): 

https://www.youtube.com/watch?v=MZsUU1OtNKw
To top