Радио Милева апел

Лила Филиповска им се обрати на сите: „ Да одиме, кој е во можност нека носи вода… “ (фото)

Лила Филиповска им се обрати на сите: „ Да одиме, кој е во можност нека носи вода… “ (фото)

Најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска активна е на социјалната мрежа Инстаграм и редовно споделува каде е и што прави  секој момент, а објавите за час ги менува.

Така, меѓу многубројните кратки приказни се најде и една која веднаш го привлече вниманието, бидејќи е наменета за сите луѓе.

Имено, Лила повика секој кој може да помогне околу пожарите низ Македонија.

Лила одлучила и самата да ги посети пожарникарите и да донира, а тоа го откри откако сподели фотографија каде позира пред возилото за гасење пожар заедно со нив.

„Кој е во можност нека носи вода, капки за очи и маски“  – додаде таа во описот на фотографијата.

Се уште се бараат доброволци за касење на пожарите кои се активни, а Лила ги бодри и оние кои би можеле да донираат потребни средства кои ќе им помогнат на пожарникарите полесно да излезат на крај со огнените стихии.

фото: printscreen/instagram/lilafilipovska

To top