Познатата актерка Шенон Доерти почина на 53 годишна возраст пред четири дена, но за неа, нејзиниот живот и борбата се ракот се пихува повеќе од кога било. Сега во фокус е и нејзиниот поранешен сопруг од кој како што пишуваат странските медиуми се развеле на еден ден пред нејзнината смрт.
Шенон ја потпишала документацијата во петокот на 12 јули, додека фотографот ја потпишал документацијата во саботата на 13 јули кога актерката починала по борбата со ракот на дојката.
Во документацијата е наведено дека „постои заемна желба да се дојде до конечно решение за сите заеднички имотни интереси и сите прашања поврзани со имотот“.
Долгогодишната публицистка на актерката, Лесли Слоун, објави дека Шенон починала опкружена со своите најблиски.
– Посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, беше опкружена со своите најблиски, како и со кучето Боуви – изјавила таа за „Пипл“.
Исто така, пријателка на актерката го прозва Курт Исвариенко за недостаток на „хуманост“ во текот на жестока бракоразводна битка на Шенон, која започна во април 2023 година, тврдејќи дека Исвариенко „одолговлекувал со откривањето на приходите во судот во обид да ја одложи пресудата или плаќањето“.
фото:Instagram printscreen/ theshando