Во домот на македонскиот пејач Маријан Стојаноски се славеше и се пееше неговата позната „Подарок“, а стиховите „роденден, мала забава“ тој специјално ги отпеа за славеничката – неговата сакана сопруга Наташа.
Понежната половина на Маријан и мајка на неговите три деца го прослави 30-от роденден. За се’да биде совршено во нивниот свет не требаше многу, тука беа нивните најмили, најмалите наследници среќни и возбудени што ќе се дуваат свеќички. А мама како славеничка облечена и дотерана за по дома, но со повод.
Згодната мама Наташа на себе имала црн фустан од тантела со висок шлиц, од кој самоуверено покажа дека на неа постпартум периодот не и може ништо иако за речиси три лета, таа трипати беше бремена.
Грижата за три малечки воопшто не е лесна, па трошењето калории и трчањето по нив не остава простор за вишок.
За потсетување, минатата година во месец септември пејачот кој сега е оперски пејач и актуелен член на хорот на Македонската опера и балет, одново стана татко – по трет пат.
Тој и неговата сопруга, шармантната охриѓанка Наташа Каранџулоска станаа родители на уште едно девојче – Кирјана. Втора ќеркичка, како трето дете во семејството.
Маријан и Наташа за првпат станаа родители кога во 2020 година им се роди ќеркичката Вероника.
Речиси година и пол подоцна, мама Наташа на свет донесе машко дете, а тато Маријан објави дека синот ќе се вика Петар.
фото:Facebook/ Natasa Stojanoska / Marijan Stojanoski