Дејвид Бекам по никоја цена не го пропушта Вимблдон. Сепак, неговата сопруга ретко може да се види на трибините, а кога не е до сопругата, нема никој друг освен неговата мајка.
Бекам натпреварот го гледаше со Сандра Вест, која сега има 75 години, но тоа не ја спречува да биде многу активна и да го придружува синот на оние настани кои се помалку интересни за Викторија.
Двајцата удобно се сместија во кралската ложа, од каде ги следеа тениските натпревари, а она што многумина го забележаа е фактот дека Сандра овојпат беше помалку фокусирана на играта.
Како што објавија медиумите, таа цело време беше отсутна и замислена, а на многумина им се чинеше дека секој момент ќе заспие.
– Дејвид и неговата мајка се обидуваат секоја година да одат на натпреварите. Тие се многу блиски, имаат посебен однос и двајцата уживаат во тенис – изјавил претходно извор за Дејли Мејл.
Бекам беше одлично расположен и не ја симнуваше насмевката од лицето, а многу обожавателки дојдоа да го замолат да се фотографира, на што тој веднаш се согласи.
За тоа време мајка му била воодушевена од тоа што насекаде го следат убави жени, па ниту еден момент не ја симнала насмевката од лицето. Иако е навикната на неговата популарност, изгледа многу и се допаѓа што дамите сè уште копнеат по нејзиниот син.
фото:You tube printscreen/ Whoopsee