Радио Милева сообраќаен инцидент

Николина Пишек доживеа сообраќајка, па веднаш се огласи на социјалните мрежи: Деталите ја вознемирија јавноста

Николина Пишек доживеа сообраќајка, па веднаш се огласи на социјалните мрежи: Деталите ја вознемирија јавноста

Водителката Николина Пишек доживеала непријатност во Хрватска, каде што учествувала во сообраќаен инцидент, а деталите за целиот настан ги споделила со своите следбеници на социјалните мрежи.

По несреќата, таа го снимала мажот кој управувал со другото возило, но ситуацијата набрзо станала напната. На снимката се слуша како мажот ѝ се обраќа со повишен тон, додека се обидува да ѝ го одземе телефонот од рака.

Мажот очигледно не сакал да биде сниман, поради што дошло до расправија со водителката. Во еден момент се обидел и физички да дојде до нејзиниот телефон.

– Па, дај, така е, ајде… Ајде да го решиме ова! Што снимаш? – ѝ зборувал мажот, кој се обидел да ѝ го грабне телефонот од рака.

Николина потоа на социјалните мрежи го споделила и коментарот што го добила од полицијата, а кој се однесувал на однесувањето на мажот за време на инцидентот.

„Да имало двајца мажи во автомобилот, немало да се осмели“

Водителката во една од објавите ги пренела зборовите на полицијата, кои особено се издвоиле во нејзиното обраќање до јавноста.

– Полицијата вели – да имало двајца мажи во автомобилот, немало да се осмели – напишала Николина.

Сепак, тука ситуацијата не завршила. Според нејзините зборови, мажот набрзо по инцидентот го напуштил местото на настанот.

Во следната објава Пишек ја изнела својата верзија на настаните и навела дека мажот избегал, тврдејќи дека бил видливо пијан.

– Секако дека избега. Видливо пијан. Кој знае каков е и дали е насилен и дома? Кого треба да осудуваме? Неговата сопруга, децата, кого? – напишала таа.

Нејзините објави предизвикаа големо внимание на социјалните мрежи, а водителката со ова обраќање укажа и на поширокиот проблем со однесувањето во ситуации кога доаѓа до конфликт во сообраќајот.

foto: printscreen/instagram/nikolina_pisek

To top