Радио Милева семејна идила

Марија и Бојан „Ај Кју“ на прва заедничка прошетка со синот Лука

Марија и Бојан „Ај Кју“ на прва заедничка прошетка со синот Лука

За Марија Ивановска и Бојан Трајковски од македонско музичко дуо „Ај Кју“,  од месец октомври нивното секојдневие доби сосема нова, најубава димензија, откако за првпат ја искусија магијата на родителството и станаа горди родители на нивното прво дете, синот Лука.

Иако музиката и сцената се нивниот препознатлив терен, последниве неколку недели нивниот фокус е целосно насочен кон новиот, најважен член на семејството.

На големо воодушевување на нивните верни следбеници и фанови, на социјалните мрежи осамна првата заедничка семејна фотографија на која сите тројца се заедно. Наместо класична и наместена фотосесија, Марија и Бојан споделија спонтан, реален и пресладок момент од нивното секојдневие, овековечен во огледалото на лифтот пред  прошетка.

Облечени во топли зимски комбинации, новопечените родители позираат насмеани и спокојни, додека пред нив во детската количка мирно спие малиот Лука, заштитен од студеното време.

Оваа  објава веднаш само потврдува дека улогата на мама и тато совршено им прилега, а  нивната најубава заедничка мелодија штотуку почна да свири.

фото:Instagram printscreen/mariaeyecue

To top