Сузана Гавазова е една од најангажираните пејачки во Македонија и надвор од земјата во текот на целата година. Таа секојдневно настапува, патува, а покрај музиката, пејачката посветува големо внимание и на модните комбинации во кои се појавува пред публиката.
Токму поради тоа еден детаљ особено се издвојува на нејзиниот профил на Инстаграм, а тоа е љубовта кон розовата боја. Меѓу бројните фотографии и видеа од настапите може да се забележат различни модни изданија во оваа боја, што остава впечаток дека таа е една од нејзините омилени.

Розовото како вистинска барби го комбинира од светкави комбинации и тантела, до креации со висок шлиц и нагласено деколте во различни стилови но секогаш во секси комбинација за да изгледа како барбика. Па така често избира впечатливи и тесни модели, со кои ги нагласува своите облини.

На сите фотографии се забележува дека најбитно и е да биде тесно и да ги истакне облините со кои се гордее, за полесно да го привлече вниманието на следбениците.

Таа пред секој настап позира во секси пози и постепено ја спушта камерата кон секој дел од телото.

Пред настапите, пејачката редовно споделува фотографии и видеа во кои ги претставува своите модни комбинации. Нејзиното позирање пред камерата е дел од подготовките за вечерните настапи, а не ретко објавува и фотографии пред огледало, на кои ги прикажува комбинациите од различни агли. Но и за полесно да го сними задникот кој исто така ја истакнува нејзината женственост веројатно со цел да ја заскокотка машката фантазија.

Како и да е со изборот на розовата боја и впечатливите креации, Сузана Гавазова создава препознатлив Барби-стил, со кој редовно го привлекува вниманието на нејзините следбеници.

Foto: printscreen/ instagram/suzanagavazova





