Радио Милева на моминска вечер

Серија жешки фотографии на најсексапилната манекенка: Емили Ратајковски во провокативно издание

Серија жешки фотографии на најсексапилната манекенка: Емили Ратајковски во провокативно издание

Емили Ратајковски ѝ приреди незаборавна вечер на својата пријателка, а воедно ги израдува и своите следбеници со серија нови провокативни фотографии.

Манекенката Емили Ратајковски ги замени модните писти и професионалните фотосесии со вечерно излегување со една од најважните личности во нејзиниот живот. Нејзината најдобра пријателка наскоро ќе стапи во брак, а манекенката сакала да биде покрај неа и да ја прослави нејзината моминска вечер. Посебниот настан го споделила и со своите следбеници на Инстаграм.

Провокативните модни комбинации, какви што неодамна носеше и на еден гала-настан, повторно беа нејзин заштитен знак.

„Мојата најдобра пријателка се мажи“, напишала Емили покрај фотографиите од прославата.

За оваа пригода избрала црна комбинација со светкави прерамки и темни панталони. Сепак, модните додатоци му дале посебен печат на нејзиниот изглед – црвена каубојска шапка и бели очила за сонце во форма на срце внесле разигран момент во нејзиниот стајлинг.

На една од фотографиите позирала и со најдобрата пријателка, а двете во рацете држеле пијалаци. Во кадарот се нашле и деталите од декорацијата – неколку бели балони расфрлани по подот, кои му дале на просторот свечена, но истовремено интимна атмосфера, без потреба од раскошно украсување.

Сепак, и покрај тоа што Емили се потрудила нејзината пријателка да биде во центарот на вниманието, тоа било речиси невозможно кога се појавила во провокативна модна комбинација која повеќе откривала отколку што покривала.

„Премногу си згодна“, „Упс, внимавај да не откриеш нешто повеќе“, „Ти си совршенство“, „Права бомба“, се само дел од коментарите под нејзината објава.

foto: printscreen/instagram/eliliratajkovski

To top