Радио Милева не останало ништо

Срушена куќата на Весна Змијанац – објектот бил потенцијална закана

Срушена куќата на Весна Змијанац – објектот бил потенцијална закана

Семејната куќа на пејачката Весна Змијанац се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше обелоденето дека објектот е целосно урнат.

Куќата, имено, со години била напуштена, препуштена на забот на времето и во прилично трошна состојба, па постоела опасност од целосно уривање.

Соседите од овој крај не ја криеја тагата кога проговорија за некогашниот имот на познатата пејачка, истакнувајќи дека објектот веќе долго време не служел за ништо, освен што го нарушувал изгледот на околината.

– Таа куќа со години беше целосно напуштена. Никој тука не доаѓаше, сè се уриваше и пропаѓаше. Искрено, беше и опасно, бидејќи сè изгледаше како урнатина која само што не се срушила сама од себе. Се сеќаваме на славните денови кога овде сè вриеше од живот и кога Весна тука престојуваше, но од тоа повеќе не остана ништо – наведуваат соседите за медиумите.

Да потсетиме, Весна со години наназад својата оаза на мирот ја пронајде во идиличниот амбиент на Букуља, каде што поминува најмногу време, додека оваа недвижнина во градот очигледно била оставена да пропаѓа пред да биде донесена одлуката за уривање.

Инаку, во медиумите во последно време многу се полемизира за тоа каква е здравствената состојба на Весна Змијанац.

Додека многумина мислат дека пејачката треба што повеќе да одмара бидејќи е во години, други го поддржуваат тоа што секој викенд настапува во кафеани, па за нејзините настапи секогаш се бара билет повеќе.

фото:Instagram printscreen/vesna_zmijanac_official

To top