На пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ вечерва, им бил запален џипот пред нивниот дом во Белград.
Џипот, кој вечерва беше зафатен од пожар на Бежаниска коса, бил паркиран спроти нивната куќа. Полицијата и противпожарните екипи веднаш излегле на местото на настанот.
Засега нема официјална потврда за инцидентот, ниту информации за состојбата на евентуалните учесници.
View this post on Instagram
Парот минатата година целосно ја реновирал куќата за да обезбеди простор за доаѓањето на ќерката Арија, како и за ново уредување на собата на нивниот син Александар.
За време на реновирањето, мајсторите поголем дел од денот го поминувале во нивниот дом, додека Филип лично го надгледувал изведувањето на секој детаљ.
За тоа тогаш сведочел извор близок до семејството:
„Александра посакала да направат соба за бебето, како и да ја преуредат постојната соба на синот Александар. Сакаат сè да биде готово пред таа да се породи, па забрзано работат на деталите. Мајсторите поголем дел од денот се во нивниот дом, додека Филип надгледува дали сè е токму онака како што замислиле“, изјавил претходно извор близок до парот.
Денеска Александра и Филип секој слободен момент надвор од деловните обврски го поминуваат со децата во својот семеен дом.





