Радио Милева без заобиколување

Карлеуша бурно и жестоко реагираше на изјавата на Ивана Петерс: „Те хранев со леб и ти позајмував пари“

Карлеуша бурно и жестоко реагираше на изјавата на Ивана Петерс: „Те хранев со леб и ти позајмував пари“

Пејачката Ивана Петерс неодамна, на концертот на колешката Зорана Павиќ, изненади со својот одговор за односот со Јелена Карлеуша, по што веднаш се огласи и другата страна.

Имено, новинарите ја прашаа Ивана во какви односи е сега со Јелена и за преписките кои Карлеуша ги објави, а таа рече:

„Ништо не знам, не знам за кого зборуваш?“, рече низ смеа Ивана Петерс.

Јелена веднаш реагираше на нејзината изјава, па на колешката и некогашна поранешна соработничка ѝ одговори на мрежата „Икс“:

„Гледам онаа несреќна Ивана Петерс повторно нешто с*ре за мене. Вели не знае која сум. Клемпава, јас сум онаа на која ѝ пееш придружни вокали на албумите, која ти позајмуваше пари, те хранеше со леб и те донесе во ‘Ѕвездите на Гранд’. Ти си неуспешна“, напиша Јелена жестоко.

Да потсетиме, кавгата помеѓу Јелена Карлеуша и Ивана Петерс започна поради тоа што Ивана „лајкнала“ објава на социјалните мрежи во која се повикувало на гаснење или суспензија на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша.

Инаку, Ивана Петерс долги години ѝ пееше придружни вокали на Јелена Карлеуша на нејзините албуми и синглови, вклучувајќи ги и песните како што се „Инсомнија“ и „Банкина“.
Покрај работата во студио, Ивана беше и дел од менторскиот тим на Јелена во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, каде во 2019 година и ја менуваше во жирито по смртта на Дивна Карлеуша.

фото:Facebook/Jelena Karleusa

To top