Сунаи Сабриоски јавноста го познава како македонски телевизиски новинар и пред се репортер, препознатлив по теренското известување, обработката на општествено значајни теми и истражувачките новинарски стории. Неговата професионална приказна е интересна и поради спојот на сериозното новинарство со специфичниот личен хумор и автентичноста со кои се издвојува и надвор од телевизискиот екран.

Лични карактеристики кои понекогаш довитливиот репортер знае да ги искористи, за да се опушти и себе си и колегата зад камерата, пред да следува директно вклучување на линкот во вестите или ТВ дневникот на медиумот за кој работи и известува.

Харизматочен и мошне препознатлив, што дури и оние што лично не го познаваат го поздравуваат на улица… Со кревање рака, вербално или со сирената од автомобилот – сеедно, важно е препознавањето да е успешно, а го препознаваат по ликот, имиџот, стајлингот и стилот.

И додека се чека снимањето да стартува или вклучувањето во живо да тргне, „СС“ шоуто може да започне… Сунаи има свои минути кои никој не може да му ги украде и да го изремети. До душа тие не одат во ТВ етер ама затоа ова е бетер. Секој што случајно налетал на него и го начекал во елемент, сфатил дека ова е многу позабавно од она што го гледаме и слушаме од него во вестите.

Како изгледа едно „Сунаи Сабриоски улично шоу“ погледнете од видеото што на својот Инстаграм го споделил ликот… Еве како тоа изгледа кога репортерот има малку поинаков стендап на линкот…
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/sabrioskisunai





