Лице в лице

Од гаража до арена – NEXT TIME во „Ништо лично“: Браќата Филиповски за славата, растежите, падовите, разделбите, несогласувањата и приватниот живот зад сцената (ВИДЕО)

Од гаража до арена – NEXT TIME во „Ништо лично“: Браќата Филиповски за славата, растежите, падовите, разделбите, несогласувањата и приватниот живот зад сцената (ВИДЕО)

Некои музички приказни се раѓаат од големи амбиции, јасни планови и желба за слава. Други, пак, почнуваат многу поскромно – со двајца браќа, детска љубопитност, љубов кон музиката, една гитара, гаража и голем сон: еден ден нивните песни да ги пее цела публика.

Токму така започнува приказната на Мартин и Стефан Филиповски, идентичните браќа близнаци кои македонската јавност ги запозна и ги засака како NEXT TIME.

Речиси две децении подоцна, нивната музичка биографија е исполнета со подеми и падови, огромна популарност, хитовски рефрени, музички експерименти, нови почетоци, професионални предизвици и неколку сосема неочекувани пресврти. Од првите гаражни свирки и периодот со Carwash Band, преку средбата со Јован Јованов, Plan B Production и песните „Не верувам во тебе“ и „Без тебе тивко умирам“, па сè до Евровизија, концертите во Универзалната сала, големиот пресврт со „Ја излези Ѓурѓо“, „Мајка“, „Години“ и најавениот концерт во арената „Борис Трајковски“ – Next Time поминаа пат кој малкумина домашни музичари можат да го раскажат.

Но, зад сценските настапи, аплаузите и преполните сали се крие и една поинаква приказна – онаа за двајца браќа со различни карактери, темпераменти, животни патишта и музички погледи, кои и покрај сите предизвици успеале да го зачуваат заедничкиот проект и да продолжат да чекорат како едно.

Денес нивните животи изгледаат поинаку од времето кога беа миленици на тинејџерската публика. Мартин е сопруг и татко, Стефан е сопруг, а приватните обврски, семејството и животот на релација Скопје – Виена се дел од нивното секојдневие. Сепак, музиката останува она што ги поврзува и што ги враќа таму каде што сè започнало – на сцената.

По 18 години кариера, прашањето веќе не е само колку хитови создале, колку прегледи бројат нивните видеозаписи или колку публика ќе ги поздрави на следниот концерт. Многу поинтересно е што следно подготвуваат браќата Филиповски и дали повторно ќе успеат да ја изненадат публиката, а притоа да ја задржат препознатливата енергија со која пред речиси две децении ги освоија македонските тинејџери.

Едно е сигурно – Мартин и Стефан одамна ги надминаа рамките на некогашните тинејџерски идоли од „Не верувам во тебе“. Денес NEXT TIME е музички бренд кој успеа да ги спои рок-енергијата, македонската традиција, патриотската емоција и современиот музички израз, создавајќи препознатлив печат на домашната сцена.

А колку од нивните почетоци сè уште живеат во нив, што се случувало зад сцената во текот на сите овие години, кои моменти ги одбележале нивните кариери, а кои можеби никогаш досега не ги раскажале јавно?

За сето тоа, но и за детството, братството, музиката, успесите, несогласувањата, приватниот живот и плановите за иднината, Мартин и Стефан Филиповски отворено говореа во новото издание на интер ток-шоуто „НИШТО ЛИЧНО“ кај  Антонио Димитриевски.

Целиот поткаст со близнаците од познатиот македонски бенд како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (

To top