Пејачката Мина Костиќ неодамна повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако беше фатена во еден трговски центар како излегува од продавница со парче облека што не го платила. По инцидентот, таа се огласи на тамошните медиуми и објасни што се случило, тврдејќи дека станува збор за грешка.
Овој случај повторно потсети на обвинувањата што пред неколку месеци на сметка на пејачката ги изнесоа нејзините колеги Сандра Решиќ и Борис Стјепановиќ. Тие тогаш јавно ја обвинија дека присвоила пари од заедничкиот бакшиш за време на настап.
Сандра Решиќ раскажала дека, додека работела како придружен вокал, имала непријатно искуство со постара колешка, тврдејќи дека таа ги зела парите што заедно ги заработиле.
„Кога работев како придружен пејач, ми ги украде парите и бакшишот. Петстотини евра. Го зеде бакшишот од миксетата. Тоа ни значеше сè. Кога некој ќе ни дадеше 100 евра бакшиш, бевме пресреќни, бидејќи ќе имавме пари да однесеме дома за бурек и јогурт. Таа ги зеде петте стотки и избега“, раскажала Сандра.
„Ја зеде таа виолетова банкнота и си замина. Јас не тргнав по неа, но моите колеги отидоа да ја бараат. Подоцна ова се прошири и меѓу другите придружни пејачи“, објаснила таа.
Своето искуство со Мина Костиќ го споделил и пејачот Борис Стјепановиќ, кој тврдел дека за време на еден настап пејачката присвоила банкнота од 500 евра што ѝ ја дал гостин, додека останатите банкноти ги оставала на местото предвидено за заедничкиот бакшиш.
„Еден гостин ѝ даде на Мина банкнота од 500 евра за песна, а таа веднаш ја здипли и цело време ја држеше во рака. Гостите неколкупати плаќаа песни со нешто помали суми, а Мина тие банкноти уредно ги оставаше на предвиденото место. Само 500-те евра ги задржа за себе. Потоа испеа уште две песни и отиде да седне“, раскажал Борис.

Според неговите зборови, тој се обидел да разговара со пејачката и да побара објаснување, но таа наводно го напуштила локалот преку споредниот излез за да не ја забележат.
„Замина без поздрав преку споредниот излез за да не ја забележиме. Ја повикав за да ја прашам зошто го направила тоа, а Мина ми рече дека нејзе ѝ припаѓа сумата што таа ќе ја одреди од заедничкиот бакшиш“, тврдел Стјепановиќ.
Да потсетиме, Мина пред неколку дена се огласи откако беше фатена во еден трговски центар при излегување од продавница со облека што претходно не ја платила.
„Бев таму, да. Отидов да вратам нешто“, изјавила Мина за „Блиц“, а потоа се осврнала и на вредноста на производот и објаснила што, според неа, се случило:
„Тој производ чини само 10.000 динари, навистина не би го направила тоа… Дошло до грешка, станува збор за грешка“.
По ова објаснување, таа го прекинала телефонскиот разговор.
Некои домашни медиуми објавија и дека пејачката наводно се обидела преку свои познанства да влијае врз полицијата за да избегне понатамошно задржување и поднесување прекршочна пријава.
Foto: printscreen/instgaram/Mina Kostić






