Радио Милева топли сончеви поздрави

Водителката Елена Стојановска и наследничката Илина се како две другарки, оди па познај дека се мајка и ќерка

Водителката Елена Стојановска и наследничката Илина се како две другарки, оди па познај дека се мајка и ќерка

Едно од најпрепознатливите ТВ-лица на македонскиот етер, шармантната Елена Стојановска, уште еднаш ги спакува куферите и со семејството замина на егзотично патување.

Веќе стана нивна редовна и убава пракса – штом кај нас ќе почнат есенските студови и сиви денови, тие да побегнат на некоја топла, сончева дестинација. Овој пат, изборот падна на престижното и светски познато Малибу, каде што водителката ужива на плажите и калифорниското сонце во друштво на својот сопруг и нивната прекрасна ќерка Илина.

Она што предизвика лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи се најновите фотографии на кои Елена позира гордо веднаш до својата наследничка на брегот на океанот. Илина наскоро ќе полни 15 години и веќе е израсната во вистинска млада дама, со долги нозе и изразена висина која јасно се гледа додека позира во бели шорцеви и црвена маичка.

Глетката едноставно ги збуни фановите бидејќи двете изгледаат толку свежо, витко и младолико, што првиот впечаток на сите беше дека станува збор за две најдобри другарки кои заедно уживаат на одмор.

Додека Илина зрачи со тинејџерска убавина, нејзината мајка Елена уште еднаш доминира со својот вечен изглед на девојченце. Со црвен костим за капење, тексас шорцеви, очила за сонце и тренди марама во косата, водителката изгледа неверојатно младолико и зрачи на фотографијата.

Покрај комплиментите за генетиката и изгледот, следбениците не пропуштија да го пофалат и нивниот стил на живот, исполнет со патувања и семејна хармонија на најубавите светски крајбрежја.

Додека јавноста кај нас се загрева со потопли палта, семејството на популарната водителка испраќа топли, сончеви поздрави од Калифорнија, полнејќи ги батериите за новите предизвици од домашен терен.

фото:Instagram printscreen/ enna_inna

To top