Сопругата на пејачот Љуба Перучиќ, Катарина, вчера го прослави роденденот, а пејачот ѝ упати честитка преку Инстаграм.
Во нивниот дом имаше голем повод за славење, бидејќи сопругата на Љуба, Катарина го славеше најубавиот ден, роденденот.
Пејачот ѝ се обрати со емотивна порака и ги искажа чувствата кон неа, кои, како што покажува, се силни исто како и на почетокот на нивната врска. Истовремено, ѝ го честиташе овој посебен ден.
„Среќен роденден, љубов моја. Бог нека ти подари здравје и среќа, а ние ќе те чуваме“, напиша тој на Инстаграм, објавувајќи заедничка фотографија.

Љуба и овојпат покажа колку му значи сопругата, а со своите зборови даде до знаење дека љубовта што ја чувствува кон неа не ја изгубила својата сила.
Неговата објава привлече внимание, бидејќи пејачот одлучи овој важен датум да го одбележи и јавно, преку социјалните мрежи.
Foto: print Screen/Instagram/ljubaperucica





