Турските актерски ѕвезди Мерием Узерли и Халит Ергенч израдуваа бројни обожаватели со заедничко обраќање на Инстаграм, најавувајќи големо изненадување што повторно ги спојува по многу години.
Актерите, кои публиката ширум светот ги памети по улогите на Хурем-султан и Сулејман Величествениот во популарната серија „Сулејман Величествениот“, ја најавија светската премиера на нивниот нов филм „Пролет на Имрос“ (Spring in Imroz).
View this post on Instagram
Премиерата е закажана за 20 октомври, во рамките на Филмскиот фестивал во Ел Гуна, Египет.
„Здраво, јас сум Мерием“, порача актерката во заедничкото видео, по што се претстави и Халит Ергенч.
„Имаме големо изненадување за вас. Ќе ја имаме светската премиера во Ел Гуна на 20 октомври“, најавија актерите, не криејќи го возбудувањето поради средбата со публиката.
„Многу сме возбудени што ќе се запознаеме со сите вас и ќе ви го претставиме нашиот нов филм“, порачаа тие, а особено внимание привлекоа нивните зборови дека повторно се заедно по многу години.
View this post on Instagram
Нивното обраќање сигурно разбуди носталгија кај љубителите на серијата „Сулејман Величествениот“, која остави силен впечаток кај гледачите во многу земји.
Со оваа најава, Мерием Узерли и Халит Ергенч отворија ново заедничко поглавје, а нивните обожаватели со нетрпение очекуваат да видат што подготвиле за нив во филмот „Пролет на Имрос“.
foto: printscreeen/instagram/meryemuzerlimeryem







