Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ конечно го кажаа судбоносното „да“ и ја крунисаа својата долгогодишна љубов со брак.
Еден од најпознатите парови на српската естрада одлучи да го направи овој голем чекор, а среќната вест беше објавена на инстаграм-профилот на „Вог Адрија“, каде што беше споделено видео од нивната свадба.
View this post on Instagram
Николија и Реља се заедно веќе 12 години, а во текот на нивната врска добија две ќерки, кои дополнително ја зацврстија нивната љубов. Иако со години живееја во вонбрачна заедница, сега одлучија да ја официјализираат својата врска и пред законот.
Како што може да се види на видеото, парот се одлучил за интимна церемонија, далеку од јавноста и гламурозните свадбени прослави. Николија и Реља се венчале во општина, по што организирале мала, тајна прослава за најблиските, сакајќи овој посебен момент да го споделат со луѓето што им се најважни.
На видеото, двајцата блескаат од среќа, а нивните насмевки и нежни погледи зборуваат повеќе од зборови. Николија и Реља изгледаат среќно и заљубено, потврдувајќи ја љубовта што трае со години, и покрај сите предизвици и животот под будното око на јавноста.
Нивната љубовна приказна отсекогаш привлекувала големо внимание, но тие најчесто се труделе да ја зачуваат приватноста на своето семејство и да го држат подалеку од медиумите. Иако и двајцата се успешни во своите кариери, се чини дека семејството и заедничкиот живот остануваат нивен најголем приоритет.
foto: printscreen/instagram/nikolijaofficial







