За Марија Луиса Тодоровска „нема зима“… Тезги има и во лето и во зима. За неа работата не престанува, па кутрата трчајќи од настап на настап, од клуб до кафеана, од свадба до меана, понекогаш и се случува да не гледа кај оди, преку што гази за да не задоцни.

Деновиве времето променливо, врнежливо, а паркингот ќе да бил не асфалтиран… Времето – „цајтнот“, мора да побрза да го уштека микрофонот и да ја почне забавата, зашто масата во меаната едвај ја очекува.
Марија како и секогаш стокмена – дотерана, онака стегната, во тесни хеланки под црното сукњиче со деколте до папокот, во кое високо поткрената транспарентно доминира бујната силиконска предница на битолската убавица, влетува на бината и забавата тргнува во уште едно ноќно „кафеанско лудило“.

Арно ама, телефоните сликаат, камерите снимаат, па додека едни се фокусирале на деколтето, некој имал фетиш да слика стопала, па забележал дека пејачката има скапо брендирани чевли со високи потпетици, арно ама… Штом го спуштил мобилниот надолу кон подот, останал подзинат, немо… Па добро бре жено, не е ваква „јака штикла“ за да гази по сено! И не е, ама ете…

Истото го заблежала и пејачката, ама веќе било доцна… Програмата мора да тече, песните се редат, а штиклите…

Полни трева или сено покосено – сеедно, важно е да е забавно! Е сега, тоа што „Долче и Габана није за (код) шабана“, како што пее еден пејач во својата песна, е друга работа.

Точно е дека скапо брендирана кондура на една кафеанска фолк дива не е за у нива, ама затоа од хонорарот и бакшишот со гаранција ќе може да си купи цела колекција скапи чевли, нели?!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska





