Радио Милева тешка борба

„Криеја дека имам рак!“ Зорица Брунцлик ја откри вистината за болеста

„Криеја дека имам рак!“ Зорица Брунцлик ја откри вистината за болеста

Пејачката Зорица Брунцлик искрено проговори за својата здравствена состојба и откри дека најблиските криеле од неа дека имала рак.

Неодамна се врати на работните обврски, а сега откри како тече нејзиното закрепнување.

– Долго време не смеев да јадам луто, а потоа завчера пробав малку и за првпат јадев сладолед. Шеќер смеам да јадам, но сладолед не, ниту нешто ладно – рече Зорица и додаде:

– Не смеев да допрам ништо ладно и цело лето пиев само топли пијалаци. Не бевме на море, терапиите беа во тек. Никаде не одевме, нема да одиме ниту во зима, но се надевам дека следното лето ќе можеме. Имаме сè што ни е потребно за да одиме на некое друго место. Сега сакаме да ја прошетаме Србија, бидејќи ги посетивме сите светски дестинации. Единствена желба ми е да одиме во Кина – признала Зорица, по што се надоврза нејзиниот сопруг.

– Ги посетивме сите места, од Австралија до Мексико, остана уште Кина – рекол Кемиш.

– Јас бев и во Африка, но Миролјуб не сакаше да оди бидејќи имаше обврски околу студиото. Не сакаше да го одложи тоа бидејќи му ветил на пејачот дека плочата ќе излезе – додала Зорица.

Водителката на емисијата „Премиера – викенд специјал“, Бојана Лазиќ, ја праша Зорица за деталите од нејзината борба со болеста.
– Кој беше повеќе исплашен кога дознавте за сè? Кој глумеше дека е похрабар? – прашала Бојана.

– Сите глумеа, а јас не знаев дека имам рак. Сите знаеја сè. Кога докторот ме оперираше по вторпат и ми рече: „Сега ракот е под контрола, не грижи се“, за малку ќе се онесвестев. Со периферниот вид забележав дека не реагираат како што би требало кога ќе се дознае таква страшна вест. Тогаш сфатив дека сите знаеле и дека им било тешко да се однесуваат кон мене како да сум здрава – раскажа таа, откривајќи уште еден потресен детаљ.

– Дишењето на Миролјуб ме будеше бидејќи проверувал дали дишам. Тие го криеја тоа од мене од март до мај – раскажала Зорица Брунцлик.
– И уште порано – додал Кемиш.

– Мислев дека станува збор за воспаление на дебелото црево и дека нема да има операција. Само еднаш претходно откажав концерт, за 50-годишнината од кариерата, а ова беше вторпат. Му реков да ме поправат и да одам да го отпеам концертот, а тој ми одговори: „Само преку мене мртов“ – изјави Зорица Брунцлик во емисијата.

Foto: printscreen/instgaram/

To top