Сања Маринковиќ минува низ неизвесен период откако нејзиниот син Страхиња го напуштил семејниот дом.
Тој моментално студира во Шпанија, а водителката не крие дека тешко ѝ паѓа неговото осамостојување.
– Тој првпат се одвои од мене, но и од нашиот заеднички живот. Сепак, студира, убаво му е и тоа е најважно. Искрено, многу сум исплашена, постојано му пишувам каде е, што прави и како е. Кога нема да ми одговори 30 минути, правам хаос. Но, тој е добро момче, вреден е, послушен е и сега учи да живее самостојно – раскажала водителката.

Сања претходно зборувала и за интересите на Страхиња и неговите идни планови, истакнувајќи дека сака да му даде поддршка додека ги истражува можностите што му се нудат.
Како што своевремено објаснила за магазинот „Hello!“, нејзиниот син е љубопитен, енергичен и заинтересиран за претприемништво и креативни предизвици.
– Страхиња е љубопитен и енергичен, сака претприемништво и креативни предизвици. Сè уште истражува кој факултет би го студирал, но јасно е дека го интересираат области што ги поврзуваат иновациите и практичноста, комуникацијата и бизнисот. Ќе се трудам да го поддржам во секој негов избор – изјавила водителката.
Иако тешко ѝ паѓа разделбата со синот, Сања е свесна дека неговото осамостојување е важен дел од растењето и дека мора да му дозволи самостојно да ја гради својата иднина.
– Не е лесно да го пуштите детето во светот, но верувам дека му дадовме крилја што ќе го носат каде и да посака – порачала Маринковиќ.
foto: printscreen/instgaram/sanjamarinkovicofficial







