Модната критика упатена од компетентни ликови за јавните личности од естрадното небо, отсекогаш била интересна и привлечна за фаќање сеир и коментирање од страна на јавноста.
Последно, односно пред неколку години тоа го правеше Сергеј Варошлија кој и сега повремено во неговиот подкаст „Урок“ знае да ја примени својата модна критика, инспириран од изгледите на јавните личности, особено кога се појавуваат на некој јавен настан.

Овој пат, на модна критика во последното интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, се осврна и модната дизајнерка Маја Кикириткова која „на тапет“ го стави модниот израз на поп-пејачката Елена Ристеска. Маја беше директна и за Елена кажа:
-Јас мислам дека Елена Ристеска треба малку повеќе да се потруди и мислам дека некој треба да застане позади неа бидејќи она е преубава девојка. Но, мислам дека како да нема некој изграден стил по кој што е препознатлива. Па ете ќе ја посочам. Не дека она е лошо облечена, но не е соодветна за естрадата- резимира Кикириткова за „Бекстејџ“.
View this post on Instagram
Коментари за тоа дали е во право или пак не, очекувано имаше доста. Едни беа на страната на Елена, други само се потсетија дека Кикириткова не е првата што ја критикува пејачката, а трети пак, се запрашааа која ли е таа за да ја коментира Елена?!

За потсетување, односите помеѓу Елена Ристеска и Сргеј Варошлија се разнишаа откако тој негативно ја критикуваше за модниот избор, нешто пододоцна како да ги „закопаа секирите“, но како што Сергеј во едно интервју изјави, тоа било тогаш и подоцна ниту се слушнале, ниту виделе.
Дали Елена ќе реагира во одбрана по изјавата на Маја, остаанува да видиме…
фото:Instagram printscreen/elenaristeska_era/backstage_macedonia/you tube printscreen/Sergej Reinvented





