Познатата музичка ѕвезда Шакира и поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, повторно се најдоа во центарот на правна битка, само две години откако го потпишаа првичниот договор за старателство над нивните синови Милан и Саша.
Пејачката овој пат официјално побара од судот во Барселона измена на постоечкиот договор, тврдејќи дека моменталниот режим негативно влијае врз секојдневието и здравјето на децата.
Главната причина за новото незадоволство на Шакира се честите и исцрпувачки трансатлантски патувања на кои се изложени момчињата. Откако пејачката се пресели во Мајами, децата мораат редовно да патуваат назад во Шпанија за да го поминат времето со својот татко, особено за време на пократките училишни распусти.

Правниот тим на Шакира нагласува дека овие долги летови и честите промени на временските зони предизвикуваат огромен замор кај децата, што директно се одразува врз нивните училишни обврски и социјален живот во Америка.
Со цел да се заштитат интересите на момчињата, Шакира предлага нов модел кој нема да го намали времето што децата го поминуваат со таткото, туку ќе ја смени логистиката.
Нејзиното барање е Пике да биде оној кој почесто ќе патува за Мајами за време на пократките одмори, со што синовите би останале во својата домашна средина, а тој би престојувал со нив таму. За време на големиот летен распуст, децата и понатаму би заминувале за Барселона, каде што би го минувале поголемиот дел од летото со таткото и неговото семејство.

Од друга страна, одбраната на Жерар Пике смета дека ваквите измени се непотребни и дека претставуваат обид за дополнително ограничување на неговиот пристап до синовите.
Фудбалерот инсистира да се почитува првичниот договор кој беше макотрпно договаран со месеци по нивната бурна разделба. Судот во Барселона во наредниот период ќе треба да донесе конечна одлука која ќе ги земе предвид сите аргументи, ставајќи ја благосостојбата на Милан и Саша како главен приоритет.
фото: printskrin/YouTube/Instagram printscreen/shakira/






