Кога македонската поп-пејачка Тамара Тодевска зборува за љубовта, таа не користи филтри. Искрена до коска, емотивно соголена и посилна од кога било, пејачката во своето последно ТВ интервју за „Старс шоу“ ја бранува јавноста со своите ставови.
На прашањето дали некогаш повторно би застанала пред олтар, нејзиниот одговор експлодираше со силен и препознатлив бунтовен дух:
„О Боже, никогаш! Зошто да ја направам пак истата грешка, не разбирам?!“.
За неа, бракот денес е само еден лист хартија на кој луѓето се потпишуваат и кажуваат „да“, но смета дека тоа нема никаква врска со реалноста.

Свесна дека нејзиното размислување можеби ќе биде погрешно сфатено, поп-ѕвездата отворено признава дека зад себе има неуспешен брак, што според неа не мора да значи дека сите бракови се такви. Сепак, нејзиниот поглед кон оваа институција сега е целосно сменет. За Тамара, вистинската суштина е соживотот, секојдневната комуникација, поддршката што му ја даваш на партнерот и проблемите што ги живеете заедно.
„По мене бракот е еден лист хартија, сме потпишале, сме кажале да, тоа нема врска со реалноста. Ќе бидам сфатена погрешно, но имам брак позади себе кој што е неуспешен, што не мора да значи дека сите бракови се неуспешни, меѓутоа јас кон бракот гледам како институцијата за мене е соживотот и е комуникацијата, љубовта која ја даваш секојдневно, проблемите кои што ги живееш заедно, поддршката која што му ја даваш на партнерот, тоа се’ ако е брак, во ред, но според мене се’ тоа е љубов. После смртта, разводот за една жена е најтешкото што треба да се преживее. Колку и да било мирно, стресно е тоа да проаѓаш низ тоа, особено ако имаш две мали деца, децидна е таа.
Но, на прашањето на Ивана – што ако Лука клекне и ја запроси, Тамара вели:

-Лука знае дека не смее тоа да го направи(се смее) Познавајќи се себе си, во тој момент ќе кажам „да“, но пак љубовта, разбирањето, комуникацијата и поддршката е многу побитна од еден лист хартија пред тебе кој го имаш, со што ја затвори темата брак.
А еве го и интервјуто во целост:
фото: You tube printscreen/Stars Show by Ivana Jankovska/Gemini(AI)






