Радио Милева „гладни ќе умрете“...

Спасе „Rolla Do Bolla“ Јовановски им ја плесна в лице „животната прогноза“ на „робовите на изгледот“: „Џабе имаш тело за Инстаграм, ако животот ти е за на реанимација“

Спасе „Rolla Do Bolla“ Јовановски им ја плесна в лице „животната прогноза“ на „робовите на изгледот“: „Џабе имаш тело за Инстаграм, ако животот ти е за на реанимација“

Презентерот на временската прогноза на Сител, Спасе „Рола“ Јовановски  и овој пат прогнозираше… Прогнозирањето до душа му е главна работа,  ама во последно време „плескањето в лице“ на социјалните мрежи на едикојси познати фаци  за најразлични работи му станува „главно хоби!“  Патем и забава за стотици илјади кои киснат на Фејсбук, а веројатно и поука за оние на кои им е упатена, освен ако не ја сфатат како лична навреда откако ќе се пронајдат самите во општата констатација!

Овој пат „дивеч за отстрел“ на Спасе Рола му се „вежбачите“. Ама не оние кои вистински водат грижа за здравјето, туку оние другите кои се „робови на изгледот“! Оние на кои заради „лепота“ диетите им се полни со „празно мени“, а теретаната главна опсесија која ниту еден ден не се пропушта.

Токму на „зависниците од нарцисоидност“  кои првото добро утро му го кажуваат на огледалото, а селфи камерата на мобилниот им е најверна другарка, Спасе им се обратил онака во негов стил, за да ги потсети дека животот не се сведува само на изгледот, зашто реалноста е малку поинаква…

Всушност, многу e поразлична, па на „робовите на изгледот“, Спасе Рола „им ја „плесна в лице животната прогноза“ која гласи вака:

Ете така… Гладен или сит, Спасе Рола „им го плесна в лице“ од прва рака… Па, нека го сфати кој(а) како сака!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/rolladobolla

To top