Ех, што ти е младост…
Останува само во спомените и на фотографија, спомен да не потсети на некое време, искуства, луѓе…
Младост, период кој како и целиот живот ни минува брзо пред очи, а од неа останува траг кој бил важен од одлуките за тоа кои сме во следната животна доба. Во пензионерските денови пак, време се има доста, само кој колку може да ги исполни со посакуваното.
Легендарниот македонски актер Благоја Чоревски- Чоре преку својот Фејсбук профил пронајде еден таков спомен од младоста на неговиот драг колега Гоце Тодоровски и го сподели јавно, па напиша:
-На првата фотка Гоце, млад и убав, ново “печен” актер штотуку завршил студии…
пишува во објавата која се најде и на фан страницата на Ѓорѓи Колозов.
На втората фотка Гоце, остарен и шармантен, ужива во пензионерските денови и во безброј минутажната кариера која ја создал… Еден од најдобрите кај нас!
Гоце Тодоровски денес има 71 година и ги живее своите пензионерски денови. Можеби звучи нереално дека ликот кој најмногу го паметиме од Македонските народни приказни веќе е дедо во осмата животна деценија, но реалноста е дотаму, а Гоце во трето доба.
Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз. Тој е најпознат по улогите во: македонски народни приказни, Хихирику, Трст виа Скопје, Тврокорни, Балканд Бенд, Викенд на мртовци…