Поминаа шест месеци откако од инфаркт почина истакнатиот македонски актер Кирил Поп Христов – Кили (58), кој години наназад живееше во Еквадор.
Шокот од загубата за семејството се уште стои, а болката пак, навлегла уште подлабоко…

Сопругата на покојникот, Гордана, почувствува потреба повторно да се дополни за својата душевна празнина откако го нема нејзинот Кили, сопруг, татко и дедо.

„Поминаа 6 месеци Кики, без тебе, ништо не е исто и никогаш нема да биде“ – стои во ојвата на Фејсбук дополнете со неколку фотографии.
Инаку, по 12 години откако заминаа во Еквадор, Гордана неодамна, односно на почетокот од месец мај се врати на кратко во Скопје поради неодложни административни обврски.

Денес, Гордана Деан Поп Христова се уште живее на Еквадор, а нејзините објави се потврда дека загубата и тагата на сопругот оставија длабока празнина во земјата каде поминаа повеќе од деценија заедно.
фото:Facebook/Gordana Dean Pophristova




