Радио Милева Храбра жена или трагач по возбуда?

Не го чепкај лавот додека спие, може нешто лошо сонува, освен ако не си… Анета Андонова (ВИДЕО)

Не го чепкај лавот додека спие, може нешто лошо сонува, освен ако не си… Анета Андонова (ВИДЕО)

Некогашната „Пулси квизче“ водителка, донеодамнешна главна уредничка на првиот програмски сервис на МТВ – Анета Андонова го има прошетано половина свет. Од Америка до Азија, од Европа до Африка…

Од бетонски џунгли во најголемите светски мегалополиси до дивината на мајката земја. И секаде каде што била покажала голема љубов кон животните.

Дали се работи за вродена пасија, стекната уште од малечка или подоцна од животното искуство и девизата: „Што повеќе ги посматрам луѓето, тоа повеќе ги сакам животните“, едноставно ТВ новинарката има огромна љубов кон сите животни. И кон домашните и кон дивите.

Било да се тоа риби, птици, влекачи или цицачи… сеедно!

Од желки до папгали, од мајмуни до слонови, Анета има потреба да ги допре, гушне, погали…

И не е тоа воопшто лошо – напротив, освен во поедини ситуации. Кога наместо питоми животинчиња пред себе имаш опасни предатори!

Арно ама Анета наша не би била тоа што е – храбра жена и трагач по возбуди, која не чека возбудата  да и дојде случајно во налет, туку самата на истата и оди во пресрет!

Тоа го покажала неколку пати, ама овој нејзин обид храбар и одлучен, изгледа некако најризичен! Како и не би бил, кога и самта поговорка вели: „Не го чепкај лавот додека спие… може нешто лошо сонува“! Освен ако не е тигар, а ти си доволно мудар и итар да му пријдеш полека одзади!

Штом сфати дека си му пријател, можеш и кога е буден да се соочите „гради в гради“!

Сепак, ризикот секогаш постои животното какво и да е, зашто со животните од дивината никогаш не се знае! Еден погрешен потег или чекор и за миг твојата животинска емпатија може да се претвори во човечка трагедија.

Затоа совет и препорака: Нека не го прави ова никој од вас, по светот каде и да шета, освен… Ако не сте Анета!

Фото: Инстаграм/anetamtv

To top