Пошироката јавност Кире Науновски го запозна како победник според Фејсбук гласањето на популарното музичко регионално талент шоу звозрасни „Никогаш не е доцна“, по што неговата кариера продолжи во нагорна линија.

Со секој нов проект тој се обидува да понуди нешто поинакво, но истовремено да остане препознатлив по својот вокал и емотивната интерпретација.
По одличните реакции за неговата најнова песна „Дојди ми мила вечерва“, Кире деновиве го промовираше и видеото за песната.

Она што го прави овој спот особено интересен е појавувањето на неговата сопруга Марија, која заедно со Кире е дел од приказната преточена во видеокадрите. Нивната заедничка појава внесува дополнителна емоција и автентичност, особено имајќи предвид дека песната носи силна љубовна порака.

Спотот е снимен на повеќе атрактивни локации во Свети Николе, родниот град на Кире Науновски, а визуелната приказна е создадена така што ја следи атмосферата и емоцијата на самата песна. За реализацијата на видеозаписот се погрижи ИН Продукција, со современа продукција и визуелен пристап кој на песната ѝ дава дополнителна енергија и препознатлив изглед.

Посебен печат на видеото му дава токму присуството на Марија. Наместо класичен музички спот, Кире и неговата сопруга преку заедничките сцени носат приказна исполнета со љубов, блискост и искрени емоции.

„Ти ќе бидеш моја“ е песна која зборува за љубовта, а фактот што во видеото се појавуваат сопружниците ѝ дава уште поголема лична димензија.

Кире Науновски и понатаму ја гради својата соло кариера со сериозен пристап, вложување во нови песни и видеопроекти и, што е најважно, со препознатлив вокал кој веќе има своја публика.







