Мегафон

Моќниот и незапирлив MHERO 817 вчеравечер ја имаше својата македонска премиера!

Моќниот и незапирлив MHERO 817 вчеравечер ја имаше својата македонска премиера!

MHERO 817 се нуди во две конфигурации, обете подготвени за авантури онаму каде нема пробиено патишта. Основната верзија ги добива сите потребни системи, а поопремената покрај нијанса полуксузниот лик и нешто повеќе опрема во кабината, добива и систем за управување на задната оска, а со тоа уште подобра маневрабилност, можност за crab walk и слично. Основниот MHERO 817 чини 69.900 Евра, додека поопремената варијанта чини 79.900 Евра.

ABC Brother вчеравечер на ексклузивна премиера го лансираше новиот бренд MHERO и првиот модел од гамата – плаг-ин хибридниот мега-теренец 817!

Ајде да ги кажеме најважните бројки на самиот старт. MHERO 817 има на располагање безмалку неверојатни 677 коњски сили, кои ги добива од два моќни електромотори и еден супер-ефикасен турбо-бензинец.

Предниот електромотор испорачува 200 kW, односно 268 коњски сили, додека задниот испорачува 205 kW, односно 275 коњски сили. Со нив соработува и 1.5-литарски турбо-бензинец кој испорачува дополнителни 137 коњски сили и 280 Nm вртежен момент. Вкупната, системска моќност е (подготвени?) 505 kW, односно 677 коњски сили и монструозни 848 Nm вртежен момент.

И сето тоа се комбинира со напредна воздушна суспензија и систем за управување и на задните тракала, како и систем за интелигентна дистрибуција и контрола на вртежниот момент, а сето тоа е со една единствена цел – незапирливи теренски перформанси, во комбинација со врвен луксуз и најсовремени дигитални технологии.

MHERO 817 е огромен теренец, долг 5.1 метар, широк повеќе од 2 метри и висок 1.9 метри. Доаѓа со сите можни системи за теренско возење кои можете да ги очекувате и барате од ваков автомобил, но истовремено ветува дека може да биде цивилизиран сопатник на отворен пат. Плус, ветува и изнеандувачка ефикасност – благодарение на батеријата со капацитет од 32 kWh, може да помине околу 130 километри на струја без воопшто да се вклучи бензинецот.

MHERO 817 се нуди во две конфигурации, обете подготвени за авантури онаму каде нема пробиено патишта. Основната верзија ги добива сите потребни системи, а поопремената покрај нијанса полуксузниот лик и нешто повеќе опрема во кабината, добива и систем за управување на задната оска, а со тоа уште подобра маневрабилност, можност за crab walk и слично. Основниот MHERO 817 чини 69.900 Евра, додека поопремената варијанта чини 79.900 Евра.

Повеќе за новиот мега-теренец можете да дознаете во салоните на ABC Brother или на официјалната веб-страница на MHERO 817.

Foto: carclub.mk

To top