Радио Милева Интервенцијата не била едноставна

Вереникот на Јована Јеремиќ итно опериран, еве во каква состојба е

Вереникот на Јована Јеремиќ итно опериран, еве во каква состојба е

Вереникот на Јована Јеремиќ, Милош Стојановиќ Тигар, пред три недели бил опериран во внатрешниот дел од лактот, а сега ги открил деталите за сложената интервенција.

По тој повод тој се огласи на својот Инстаграм профил, откривајќи детали за самата операција.

„Имав операција на тетивата во внатрешниот дел од лактот. Поминаа нешто помалку од три недели, а гипсот го вадам за два дена. Со Божја помош се враќам во рингот посилен од кога било. Операцијата беше комплицирана и траеше пет часа, но најважно е што беше успешна. Верата и Бог ми помогнаа да поминам низ сето тоа. Слава му на Бога и благодарам за сè што ми дал во животот“, напиша Тигар.

Да потсетиме, Милош Стојановиќ Тигар неодамна откри дека веќе три месеци живее со својата избраничка Јована Јеремиќ.

„Љубовниот живот никогаш не ми бил подобар! Со Јована започнав врска минатата година во ноември, сега ќе бидат седум-осум месеци. Во сериозна врска сме, а веќе три месеци живееме заедно. Покрај сите работи со кои се занимаваме и двајцата, во приватниот живот навистина се споивме како сродни души. Супер ни е, живееме заедно, што би се рекло, веќе како маж и жена“, рекол тој во подкастот „Психокаст“ кај ММА борецот Васо Бакочевиќ.

Боксерот открил и како водителката се однесува кон него:

„Наутро ми прави кафе, ми подготвува појадок, ме чува како крал“, открил тој во споменатиот подкаст.

Foto: printscreen/instagram/tikktok

To top