Радио Милева ТЕШКО ДЕТСТВО ЗАД ГОЛЕМИОТ УСПЕХ

Златан Ибрахимовиќ за семејните проблеми и татковата зависност од алкохол: „Мамо, ти повеќе нема да работиш“

Златан Ибрахимовиќ се присети на сиромаштијата, семејните расправии и жртвата на мајка му, на која по првата плата во Ајакс ѝ ветил дека повеќе нема да работи.

Златан Ибрахимовиќ за семејните проблеми и татковата зависност од алкохол: „Мамо, ти повеќе нема да работиш“

Златан Ибрахимовиќ отворено зборуваше за тешките моменти од детството, семејните расправии, сиромаштијата и жртвата на неговата мајка.

Помалку познато е дека таткото на славниот фудбалер, Шефик Ибрахимовиќ, се занимавал со народна музика и настапувал на просторите на поранешна Југославија. На својот син му ја посветил и песната „Злато, Златане“.

Во автобиографската книга „Адреналин“, Ибрахимовиќ зборува за болните искуства од детството, распадот на семејството и животот во сиромаштија.
Според неговото раскажување, зависноста на татко му од алкохол придонела за распадот на бракот на неговите родители. Златан се присетува на жестоките расправии, викањето и навредите во домот.

Шефик слушал југословенска музика и водел сопствена борба со проблемите. Како што раскажува фудбалерот, татко му не ги следел неговите натпревари, ниту го охрабрувал во школувањето. Подоцна, Златан успеал да му помогне во борбата со зависноста од алкохол.

Најголемиот товар, сепак, го носела неговата мајка. Станувала уште во четири часот наутро и работела две работи за да ги прехрани своите пет деца.

Златан уште рано решил да ѝ го олесни животот. Откако ја добил првата плата во Ајакс, ѝ порачал:

„Мамо, ти повеќе нема да работиш. Јас ќе се грижам за тебе“.

Денес неговата мајка живее поспокојно, а нејзината среќа, како што истакнува тој, е голем дел и од неговата сопствена среќа.

Растењето во Шведска било исполнето со борба со сиромаштијата и чувство на срам. Поради недостиг од пари, Златан постојано ја носел истата тренерка. Кога немал чорапи, облекувал фудбалски штуцни и ги криел под фармерките, поради што другите деца во училиштето го исмевале.

To top