Промотер

Објавен концертот на Јоце Панов – најсветлата вечер во неговата музичка кариера (ВИДЕО)

Објавен концертот на Јоце Панов – најсветлата вечер во неговата музичка кариера (ВИДЕО)

По минатогодишниот јубилеен концерт по повод 25 години музичка кариера, Јоце Панов оваа година приреди уште едно концертно уживање за публиката во објектот на Македонската филхармонија.

Од првиот до последниот тон, концертот носи посебна енергија и атмосфера.

Повеќе од два ипол часа музика, енергија, емоции и спомени сега се достапни на официјалниот YouTube канал на Јоце Панов.

“Уште не можам да поверувам што се случи на концертот во Македонската филхармонија. Тоа беше магија што никогаш нема да ја заборавам. Тоа е мојот живот. Најдлабоката, најсветла вечер што сум ја доживеал досега во мојата кариера. Сите вие што бевте на концертот и што со години ги слушате моите песни, сте дел од моето срце.”-изјави Панов.

Од неговиот ПР Тим велат дека во моментов се подготвуваат неколку нови проекти, но она што е сигурно е дека оваа концертна традиција ќе продолжи, на барање на публиката која повеќе од две децении ги препознава љубовта и трудот кои Јоце ги вложува во музиката.

Целиот концерт погледнете го во видеото во продолжение…

To top