Сењорита Мистериоза, како што и е уметничко име или прекарот на слатката, синоока „сајз плус“ црнка и овој пат уште утрински имаше што да им сподели на своите следбеници.
Но, пред да тргне во денот и самата да се забавува, реши да им подели малку забава и на своите Инстаграм следбеници.

Имено, дамата која на социјалните мрежи го забавува „граџанството“ со „мудри мисли“ и практични совети“ уште оддамна излезе со своја теорија за грдите мажи што на жените „им зрачат“. А тоа – „зрачењето“ жените да не ти го мереле по принципот: 1 џул енергија по килограм маса, туку сосема поинаку… По „дужни сантим“!
Е сега „мистериозната госпоѓица“ истиот принцип „на зрачење“ од нејзината теорија, успеала да ти го примени и во исхраната! Па за утрински појадок си направила смути. Ем здраво, ем доволно хранливо, ем не дебелее, ем… „зрачи“! Патем и добро за утрински поздрав на нејзините следбеници со смути од банана… од 18 сантими!

Единствено што остана мистерија во излагањето на „мистериозната госпоѓица“, е како ја утврдила точната бројка на големината на бананата?

Едниот начин е да ја измерила, пред да ја смати во блендерот…

А оној другиот е… Со непосредно одредување на нивото „на зрачање“!

Како и да е, Сењорита Мистериоза со сигурност утврдила дека бројката е таа… 18 сантима! Значи – „зрачи“!

Фото и видео: Инстаграм/senorita.misteriosa/AI Chat GPT



