Милијана Богдановиќ се прослави со учеството во реалното шоу „Парови“, каде престојуваше со својот 53-години постар сопруг Милојко Божиќ.
Во јавноста се шушкаше за нивната врска, а Милијана го изневеруваше сега веќе поранешниот сопруг Милојко пред неговите очи, што доведе до развод.
Таа денес работи како кондуктерка во автобус, се повлече од медиумите, а судејќи по фотографиите на социјалните мрежи – изгледа никогаш подобро.
Имено, Милијана објави серија фотографии од базен.
Не ја тргаше насмевката од лицето, а комплиментите за нејзиниот физички изглед само не престануваа.
Инаку, локалните медиуми неодамна ги посетија Пилатовиќи, во близина на Пожега, каде живее поранешниот учесник во реалното шоу, Милојко Божиќ.
„Во тој период, ми вели, се заљубив во тебе, се родија некои емоции. Знам дека е девојка, дека има некои потреби, ама ако сакаш да бидеш со мене – можеш, но ако ме изневериш, тоа е тоа. Таа сепак ме оцрни во Парови. Вториот пат кога го напуштивме реалното шоу, не се смиривме. После тоа таа не ме контактираше. Таа ме знае, кај мене кога ќе се скрши, се распаѓа“ – рекол Милојко, а потоа открил дека наводно и денес му се додворуваат помлади жени и девојки.
Фото: Фејсбук принтскрин/Милојко Божиќ и Инстаграм/milijana__bogdanovic