Кога во едно семејство постои заедничка нишка што сите членови, од најголем до најмал ги поврзува, заеднички именител под кој може да се подвлече линија или во случајов петолиние, тогаш хармонијата е загарантирана… И музичката, а и онаа – семејната!
Така барем изгледа со најновиот пример во семејството на познатата брачна двојка Антониа Гиговска – Роберт Спасенцовски Џокер и нивниот подмладок Киан. Уште кога на тоа ќе се придодаде и познатиот свекор, татко, дедо, а во случајов и приватен професор Боби Спасенцовски, резултатот е вистинска музичко-семејна хармонија во познатата фамилија. А, еве и зошто!

Антониа и Роберт полни со професионални обврски околу настапите и патувањата, особено за викенди, па нивното синче, малечкиот Киан тогаш кој друг ќе го причува, ако не дедо и баба.

До душа и младиот дедо Боби има „тезга обврски“ зашто далеку од тоа дека му недостасуваат ноќни настапи, ама затоа секоја можна прилика кога ќе остане дома со својот внук Киан, музичката едукација им е важна занимација. Можеби не трае кој знае колку, ама она што е зададено како домашна задача малечкиот мора да го научи, а потоа и како најважен дел од од едукацијата да покаже дека успешно ја совладал лекцијата.
Имено, Боби Спасенцовски покрај естрадната дејност е познато дека е и професор по музика, па најмалиот и најдраг ученик и овој пат морал да покаже на домашниот час, дека уште пред да тргне во „музичка осмолетка“, лекцииите ги учи за чиста петка.

На семејството Спасенцовски хармониката им е семеен инструмент уште од пред неколку генерации, па внукот Киан она што гените му го пренеле во наследство, а Бог му го дал како музички талент на дар уште отсега учи за да го претвори во знаење, кое можеби утре ќе му биде главен извор на приход за живеење?!

Професорот и ученикот еден спроти друг, седнати во клупа, едниот се труди да покаже што научил, другиот го гледа како под лупа. Додека малиот хармоникаш ги прави првите потези со прстињата по црно-белите дирки, професорот внимателно го подучува и го слуша со душа!

До душа, наставата е брза и не трае кој знае колку, ама сепак часот е доволен за професорот од ученикот да биде задоволен. Триесет секунди хармонија во познатата фамилија, во која професорот, дедо Боби едуцира, таткото – рапер Џокер снима, пејачката мама Антониа преку видеото одложено контролира, а јуниор Киан со својата „хармоникашко-хармонска егзибиција“ во полуминутна партиција, учи како да ја продолжи семејната традиција!
Фото и видео: Инстаграм/jokerdam93/spasencovskibobi






