Гитаристот Мухамед Ибрахими ќе го отвори етно-фјужн фестивалот „Локум фест“ во Битола вечер (17 јули), среда, со концерт кој ќе се одржи на отворено, пред Офицерскиот дом од 20.30 часот.
Истата вечер, концерт ќе одржи канадската група „Думаи Дунаи“ во клубот „Везилка“ од 22.30.
На 18 јули, ќе има два концерта. Првиот е на босанскиот музичар Дамир Имамовиќ од 20.30 часот, кој свири и пее традиционална музика (севдалинки) а вториот е на македонската пејачка Зарина Прасевда од 22 часот.
„Синари трио“ од Грција и „Фолкатомик“ од Италија ќе го затворат фестивалот со настапи на 19 јули со концерти од 20.30 и од 22.30 часот. Сите концерти, освен на канадската група ќе се одржат на платото на
Офицерскиот дом.
„Локум фест“ е еден од најпознатите музички летни фестивали во Битола и годинава се одржува по 18.пат.