Радио Милева таму каде се' исчезна...

„Ѕвездено небо“: Седумнаесет години по смртта, Тоше доби песна со посвета која негова пријателка Антониа Шола ја напиша, а Илма Карахмет ја отпеа!

„Ѕвездено небо“: Седумнаесет години по смртта, Тоше доби песна со посвета која негова пријателка Антониа Шола ја напиша, а Илма Карахмет ја отпеа!

Песна посветена на легендарниот Тоше Проески се најде на новиот албум на младата босанска пејачка Илма Карахмет.
Насловена ,,Ѕвезедено небо” а за која текстот и музиката ги напишала добрата пријателка и соработничка на Тоше, Антонија Шола, со аранжман и продукција на Никша Братош, баладата доби и видео запис кој е објавен на музичкиот канал Јутјуб.

Веста за песната посветена на Проески се објави и во босанските медиуми, а коментарите под објавите се дека од прво слушање е очигледно дека е напишана и отпеана за него. Се нижат комплименти за моќниот и истовремено нежен вокал на Илма, која регионот ја запозна како 13-годишно девојче, кога стигна до финалето на музичкото шоу Х-Фактор во 2013 година.

 

Тогаш победата ја однесе Даниел Кајмакоски, а Карахмет остана запамтена како една од најталентираните учеснички, поради чии настапи бројна публика од регионот редовно го следеше шоуто.

Во стиховите на ,,Ѕвездено небо” пак, се пее за изгубена љубов.

,,Ѕвезденото небо не чува нас, ги затворам очите како некогаш, како да си пак тука и ти го слушам гласот, ѕвездено небо засекогаш, на срцето печат отсекогаш, таму каде се исчезна, моето срце остана” пее Илма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ILMA KARAHMET (@ilmakarahmet)

Откако излезе од шоуто, таа сними неколку авторски песни и се посвети на кариерата.

Зад себе има учества на меѓународни музички настани и награди, а често ја нрекуваат босанска Адел, поради специфичниот вокал.

Фото: Инстаграм/ilmakarahmet

To top