Љубов и секс

Зошто бившите секогаш се враќаат?

Зошто бившите секогаш се враќаат?

Ова е една од најчудните ситуации со кои се соочуваат со жените. Во врска се, навидум се е супер и одеднаш момчето исчезнува, го снемува. Засекогаш. Нагло и без објаснување ја прекинува врската. Потоа дознавате дека нашол нова девојка и дека супер му е животот, а по некое време одеднаш повторно чука на вашата врата.

Зошто е тоа така?

Има неколку причини за тоа, а денес ви ги прикажуваме најчестите причини.

Тие се промениле

И сега сакаат да видите дека се нови, подобри мажи кои сфатиле дека не биле во право. Ова е само себичен начин да покажат дека не се толку лоши колку што мислите, туку дека баш во периодот кога биле во врска со вас, тогаш биле чудни.

Ако навистина се променил, ова е добра причина повторно да пробате, но речиси секогаш станува збор само за неговото его кое не трпи некој да има лошо мислење за него.

Вие сте се промениле

Нова фризура, неколку килограми помалку или само поинаков став кон животот. Ова прави во неговите очи да изгледате како нова девојка, девојка која никогаш не требале да ја остават. Тоа е добро за вашето его, но реално ова е начин бившиот да ви каже дека сега сме доволно добри за него. Прашањето е дали тој е доволно добар за вас?

Имате нов дечко

Ништо не ги отвора очите на бившиот дечко како фактот дека сте среќни со некој друг. Неговиот натпреварувачки дух се буди, а потребата да покаже дека е подобар од вашиот нов дечко е толку силна, што тој едноставно мора повторно да ве има.

Иако и тоа го храни вашето его, ова враќање е лошо, затоа што не му е грижа за вас, туку едноставно сака да го победи вашиот нов дечко.

Сфатиле што изгубиле

Понекогаш мажот едноставно сфаќа дека погрешил и дека не требало да ја остави девојката. Се случува. Ако навистина покаже дека му е жал и дека е подготвен да вложи многу повеќе труд во вашата врска, не е лошо да му дадете уште една шанса. Можеби навистина се променил на подобро.

извор:popara
фото:Freepik

To top